Британскиот осигурителен бренд Marshmallow си постави за цел да создаде кампања која „нималку нема да личи како традиционален осигурителен бренд“.
Начинот на кој брендот го постигна тоа е така што зеде 53,200 парчиња од кондиторскиот производ маршмелоу со кој го дели името, ги подели на розеви и бели, а потоа со нив наполни неколку ретро автомобили.
Тие автомобили потоа ги гледаме во серија на кратки хумористични спотови снимени во ретро стил на 1980-те години, кој би требало да го промовираат автомобилското осигурување на Marshmallow.
Покрај спотовите, брендот постави и билборди и постери во пет британски градови, кои прикажуваат хумористични пораки испишани врз светла розева позадина.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција 20something, медиската агенција Wake The Bear и продукциското студио Kode Media.