Во рамките на проектот „Инспирирај младинско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, Национален младински совет на Македонија (НМСМ) распишува награден конкурс за дизајн идеи од млади креативци.
НМСМ ги поканува сите млади да земат учество во наградниот конкурс за креативни идеи кои ќе се користат во текот на промотивната кампања на НМСМ. Најдобрите идеи ќе се најдат на промотивните материјали и ќе бидат наградени.
Преку промотивната кампања „Кој си носи чадорче…“ НМСМ, сака да ја доближи својата идеја, своите активности и својата работа поблиску до младите.
Слоганот „Кој си носи чадорче…“ ја симболизира улогата на НМСМ која ги претставува потребите и интересите на младите. Од Вас се очекува визуелно да ја претставите таа улогата на НМСМ како чадор организација и придобивките за младите кои мислите дека треба да произлегуваат од работата на НМСМ.
Не е потребно да бидете искусни дизајнери, доволно е само да бидете креативни. Ве охрабруваме да ни ги исратите Вашите идеи во форма на цртеж и/или слика во некој од следните формати: .psd .jpg .gif .png.
Млади креативци, ослободете ја Вашата креативност и сите Ваши идеи испратете ни ги на следната меил адреса: kontakt.nms@gmail.com најдоцна до недела, 8 март 2015 година