Град Скопје ги награди најиновативните компании во рамки на манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината 2019“, која има за цел да ги промовира и награди македонските претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење, да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии во сите индустриски сектори.
На оваа манифестација беа прогласени најиновативните старт–ап мала и средна компанија, кои беа наградени со по 200.000 денари, средства обезбедени со поддршка на Град Скопје.
Наградите ги додели Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, коj им се обрати на присутните.
Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината 2019“ се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведуваат Фондација „Претприемачки Сервис за Млади“, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд.