За време на тридневниот настан, говорниците од Европа и светот ќе споделат богати знаења и искуство со цел развој на аудиовизуелната индустрија во Хрватска, регионот и во светот
NEM Загреб 2019, настан фокусиран на развојот на ТВ и филмската индустрија во Хрватска и регионот, ги објави првите потврдени предавачи и панелисти. За време на тридневниот настан, говорници од Европа и светот ќе споделат богати знаења и искуства, со цел развој на аудиовизуелната индустрија во Хрватска, регионот и во светот.
Првиот NEM Загреб ќе се одржи од 11 до 13 декември 2019 година во хотелот „Еспланаде Загреб“, а некои од првите потврдени предавачи се:
- Алан Старски, сценограф, дизајнер на сетови и добитник на Оскар за филмот Шиндлеровата листа (1993). Тој е познат и по својата работа на филмовите Пијанист (2002) и Оливер Твист (2005).
- Габриел Тана, продуцентка која со филмот Филомена (2013) беше номинирана за Оскар (во категоријата Филм на годината) и за две награди БАФТА (во категориите за Најдобар британски филм и награда за филм на БАФТА).
- Вања Чернјул, директор на фотографија во Загреб со успешна странска кариера, познат по својата работа на популарниот филм Crazy Rich Asians (2018) и серијата The Deuce (2017) со актерите Џејмс Франко и Меги Гиленхал.
- Харолд Гронентал, извршен потпретседател на AMC Networks International, водечка меѓународна продукциска компанија и дистрибутер на канали, содржини и видео сервиси во повеќе од 130 земји и територии. Работел на глобалните права на емитување на најпознатите серии на AMC, како што се The Walking Dead, Breaking Bad и Mad Men.
- Европската Алијанса, здружение на водечки европските ТВ компании ZDF, RAI и France Television со цел продукција на високо квалитетни европски содржини со потенцијал за глобален успех. Некои од најавените проекти се историската авантуристичка серија Around the World in 80 Days, заснована врз истоимениот роман на Жил Верн и серијата за животот и делото на Леонардо да Винчи.
Првиот NEM Загреб ќе биде домаќин на претставувањето на нови серии, а сите учесници на NEM Загреб ќе можат да ги погледнат ексклузивните проекции на водечките продукциски компании и на тој начин ќе можат да бидат во тек со новите трендови, а сите заинтересирани ќе можат да купат права за емитување за својата земја. На пример, ексклузивни содржини ќе емитуваат Хрватската радио телевизија, BBC Studios и израелската продукциска и дистрибуциска компанија Кешет.
Еден од панелите ќе биде посветен на содржините со посебен формат, како што се реалити емисии, документарци или квизови, а говорници на тој панел се експерти со долгогодишно искуство во создавање токму таква содржина. Еден од потврдените говорници е Изет Пинто, основач и извршен директор на Global Agency, водечки светски независен дистрибутер на ТВ содржини кој нуди широко портфолио на драми и иновативни формати.
Значаен дел од NEM Загреб е TV Writing Contest, натпреварување за перспективни сценаристи кои ќе добијат можност да ја претстават својата идеја пред клучните носители на одлуки и потенцијално да склучат договори за работа со кои ќе може да ја унапредат сценариската кариера. Пријавените проекти ќе ги оценува независно жири во предселекција, продукциски куќи и телевизии со кои сите учесници можат потенцијално да соработуваат. Главното потврдено жири во моментов го сочинуваат HRT, RAI, Beta Film и Zig Zag Productions.
Клучен партнер и еден од главните спонзори на NEM Загреб 2019 е Хрватската радиотелевизија. За време на самото отворање на конференцијата на 11 декември 2019 година, ХРТ ќе претстави програмска содржина, притоа истакнувајќи ги своите достигнувања, планови, но и нејзината богата историја. По завршување на презентацијата, ќе има дискусија и настан за мрежно поврзување.
На вториот ден од настанот, Дамир Новиниќ, директор на продукција во ХРТ, ќе ги воведе посетителите во светот на ХРТ преку панел и разговор со креатори на серии, актери и продуценти.
Официјалното затворање на осмото издание на New Europe Market и првиот NEM Загреб 2019 година ќе биде обележано со голема прослава.
Еден од партнерите на NEM е Хрватската стопанска комора, која ја препозна важноста на иницијативата: „Филмската и ТВ-индустрија како ретко која може брзо да придонесе за промена на перцепцијата и брендирањето на Хрватска, како пожелна и неопходна дестинација за живот, а со тоа и за инвестиции.
Затоа, Хрватската стопанска комора со задоволство го поддржува New Europe Market и аудиовизуелната индустрија во Хрватска, што со себе носи и развој на други индустрии, од туризам, гастрономија и угостителство до разни форми на индустрии кои го придружуваат филмското творештво“, изјави Лука Буриловиќ, претседател на Хрватската стопанска комора.
New Europe Market се профилира низ годините како најрелевантен маркет во Јадранскиот регион специјализиран за ТВ и филмската индустрија. Од самите почетоци во Дубровник во 2013 година, NEM континуирано придонесува за развојот на индустријата, а со тоа и на туризмот и економијата. Реномирани светски продукциски компании го посетија NEM со цел да инвестираат во локални содржини со потенцијал за странскиот пазар.
Повеќе информации за конференцијата пронајдете на официланта веб страница: https://neweumarket.com/