Деловното поврзување и отворање на нови бизнис хоризонти помеѓу Балканот и Азија е во фокусот на првата интернационална бизнис конференција, насловена “Balkans to Asia”, која ќе се одржи на 25-ти и 26-ти ноември 2021 година преку видео-конференциска врска.
Организатори на настанот се Balkan Economic Forum – BEF, Caucasus-Asia Centre and the European Academy of the Regions – EAR.
Во фокусот на “Balkans to Asia” годинава ќе бидат три клучни теми: 1-Барање нови економски можности за создавање одржливи синџири на вредности од Балканот до Азија; 2 – Решавање на предизвиците за соработка со засегнатите страни во услови на новите реалности и 3 – Градење на стратегија за унапредување на деловните врски помеѓу Западен Балкан и Азија.
На настанот се предвидени да учествуваат владини претставници, претставници на бизнис комори и бизнис лидери од Балканот и Азиските земји, а како Keynote говорници засега се потврдени: Хенри Малосе, Зоран Мартиновски, Роксана Минзату, Амјад Ајоуб, Арбен Шкодра, Дрилон Исени, Хридај Шарма, Атила Галамбос и други.
Траењето на сесиите е превидено да биде во период од 2 часа и 30 минути во периодот од 12-14:30ч по централно европско време, а работен јазик на конференцијата ќе биде англискиот.
Сите заинтересирани поединци и организации кои ќе сакаат да го проследат настанот, потребно е да се пријават на следниов ЛИНК најдоцна до 24 ноември 2021.
Следењето на конференцијата е бесплатно и ќе биде онлајн преку видео-конференциска платформа.