Epica Awards се единствените креативни награди на светот во чиешто жири седат новинари посветени на креативната индустрија
Epica Awards повторно ќе се вратат во Амстердам оваа година, каде што ќе се одржи конференција и церемонија од 18 до 21 ноември, како и со состанок на жирито со кое ќе претседава Фиона Роџерс, COO на компанијата Magnum Photos. Церемонијата ќе се одржи по втор пат во спектакуларниот KIT Royal Tropica Institute. На свечената церемонија ќе му претходи конференцијата Creative Circle, чија тема оваа година е „The Truth About Brand Purpose“.
Исто така, Epica ја објави и својата нова веб страница, која ја дизајнираше литванското студио и поренешен победник на Epica, Godspeed Branding.
По тој повод, Томас Раманаускас, ко-основач на Godspeed Branding, изјави: “Се одлучивме за ‘епско‘ решение за Epica. Прво се фокусиравме на главните карактеристики на брендот: впечатливата награда – стаклена пирамида. Потоа ја зедовме основната боја на брендот Epica и и`дадовме владение над целата веб-страница – сè стана црно “.
Уредникот на Epica наградите, Марк Тунгејт додаде: “Во време кога” целта “е сеприсутна во брендирањето, веројатно е добра идеја да ги потсетиме луѓето за нашата цел. Нашата нова веб-страница, вклучувањето на Магнум и новата кампања, го нагласуваат нашето наследство и вредноста што ја донесуваме во индустријата”.
Тој додаде дека по неколку номадски години, Epica го одбра Амстердам за свој дом. “За нас овој град претставува глобална перспектива и еден нетрадиционален пристап кон креативноста”.
Тој, исто така, им се заблагодари на спонзорите и партнерите на Epica наградите: Adobe, ACT, AdForum, Euronews и Lürzer’s Archive.
Повеќе информации за Epica Awards пронајдете на сајтот: https://www.epica-awards.com/