Финска е прогласена за најсреќната земја во светот веќе шест последователни години, а сега ќе стане и првата земја што нуди „мастерклас“ во среќата!
Се работи за нова кампања од финското туристичко биро, Visit Finland, која се реализира под насловот “Find your Inner Finn – Master in Happiness” („Најдете го вашиот внатрешен Финец – мајсторирајте во среќата“).
Акцентот на кампањата е ставен на природните убавини на Финска и интимната поврзаност која нејзините жители ја имаат со природата, истакнувајќи дека резултатот на таа врска е личната среќа и духовната благосостојба.
Како дел од кампањата, Visit Finland ова лето ќе им биде домаќин на 14 избрани патници со меѓународно искуство, кои што ќе учествуваат на четиридневен „мастерклас“ во финскиот езерски регион со цел да ја „откријат среќата“ и потоа да ја споделат со светот.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција SEK од Хелсинки, дел од мрежата на GREY.