Home » Во фокусот » Најдобрите светски креативци и комуникатори на фестивалот #KAKTUS2018

Најдобрите светски креативци и комуникатори на фестивалот #KAKTUS2018

Најдобрите и најнаградуваните светски креативци и комуникациски стручњаци од агенциите David&Goliath Лос Анџелес, Leavingstone Тбилиси, McCann Лондон, Havas Blockchain Париз, WINGS Creative Leadership Lab, Ketchum Москва, Wecollab и We are Social, се само некои од говорниците на четвртиот по ред национален фестивал на интегрирани комуникација во Србија- КАКTUS 2018 година. Фестивалот ќе се одржи на 12 и 13 ноември во хотелот Hyatt Regency во Белград, под слоганот “Idea is nothing without execution“.

Како и минатата година, KAKTUS 2018 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе го отвори Марсело Падока, креативен директор на агенцијата David&Goliath Лос Анџелес (САД), со предавањето “What we can unlearn from Michael Bay“. Падока е еден од најнаградуваните креативни директори во Америка со повеќе од 15 години искуство. Во текот на својата кариера има освоено повеќе од 150 награди на светски познати фестивали, а во 2013 година ја имаше честа да и` помогне на агенцијата Ogilvy Бразил да стана агенција на годината на најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions.

Атрактивно предавање на тема “Creative Confidence” ​​ќе одржи Ѓорѓи Авалиани, креативниот директор на грузиската агенција Leavingstone. Авалини ги дели својот професионален живот помеѓу креативното смислување на кампањи, дизајн и дигитал во агенцијата, водење на локалното производство на грузискaта вотка и создавањето музика. Неговиот мултидисциплинарен талент му помогна на една мала агенција од Тбилиси да прерасне во најголемата локална креативна компанија со повеќе од 100 меѓународни награди.

На учесниците на фестивалот, во рамките на интерактивните креативни разговори, ќе им се претстави Чад Ворнер, интегриран креативен директор, McCann Лондон (Велика Британија). Тој ќе зборува на тема „Being obsessed with creative reinvention“. Без разлика дали работи на промоција на Lexus илиосмислување на иновативни билборди за Xbox, неговата страст се интегрирани комуникации и промоција на брендови преку повеќе канали. Основач е на една од првите агенции за интегрирани комуникации во Детроит, САД.

На многу актуелна тема “Creative content powered by people. Approaching creative production in a social world” ќе зборуваат Габриел Кучинела, Стефано Маги и Отавио Нава, директори на агенцијата We are Social (Италија и Шпанија). Тие водат една од најголемите и најиновативните дигитални агенции во Италија и Шпанија, со тим од над 180 луѓе.

На вториот ден од фестивалот ќе биде организирана и дебата на тема “Idea is nothing without execution” (powered by Huawei Србија), во која ќе учествуваат Урош Миклавчиќ, (Huawei, Словенија); Љиљана Радосављевиќ (PepsiCo West Balkans); Александар Милиќ (Sberbank); Катарина Леро (MARS – Orbit); Сашо Димитриевски (Pristop групација, Словенија); Немања Станковиќ (Executive Group), додека модератор е Марина Гриховиќ (Headline i Dkit).

Во текот на двата дена на фестивалот, на учесниците ќе им се претстават и Фабиен Ауфречер, директор, Havas blockchain (Франција), Габриела Лунгу, основач, WINGS Creative Leadership Lab (Чешка), Мајкл Маслов, генералниот директор и партнер, Ketchum Москва (Русија), Роксана Марин и Дијана Неделеа, ко-основачи, Wecollab (Романија), Никола Жиниќ, ко-претседател и главен креативен директор, Bruketa & Žinić & Grey (Хрватска), Вељко Голубовиќ, извршен креативен директор, New Moment New Ideas Company, како и Сања Лалевиќ Цветковиќ, Head of Digital, Direct Media (Србија) и Игор Чернишевски, Digital Group Account Manager, Direct Media (Србија).

Покрај тоа, ќе бидат доделени и годишните стручни награди KAKTUS 2018. Наградите се доделуваат во 25 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални индивидуални и интегриран кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучува струшно жири составено од 26 еминентни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.

Повеќе информации за фестивалот KAKTUS пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365