Луѓето имаат тенденција да гледаат на своето минато со доза на носталгија и да се потсетуваат на сите добри денови што поминале, додека иднината се гледа со растечки скептицизам.
Целта на новата Божиќна реклама на Банката на Грузија е да го зајакне оптимизмот и верувањето дека најдобрите работи во животот допрва доаѓаат – само треба да ги држиме главите горе и да продолжиме да чекориме напред.
Главниот херој на кампањата е најпопуларниот измислен лик на ЈуТјуб во Грузија – жирафата Јозе, кој и покрај сите неволји е персонификација на надежта.
„На крајот на денот, доколку останеме верни на себе и не ја изгубиме од предвид нашата цел, најдоброто дефинитивно допрва доаѓа“ – велата од Банката на Грузија.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција JWT Metro.