InStore во соработка со Nielsen Audience Measurement, објави преглед на огласувањето на категоријата пиво на ТВ-станиците во Македонија во периодот 01.12.2012 до 30.11.2013 година.
ТВ станици кои се земени во предвид се : „МТВ1“, „Сител“, „Канал 5“, „Алсат-М“, „Телма“, „Алфа“, „Сител 3“, „Канал 5+“, „МТВ2“, „МРТ“, „24 вести“ и „ЕРА“.
• Целна група тотал 4+.
• Период: 01.12.2012 – 30.11.2013 година, 24 часа од понеделник до недела.
• Број на инсталирани пиплметри: 560 во 400 домаќинства.
Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел.
-> GRP (Gross rating point) е збир на рејтингот од секој индивидуален спот.
– >EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP, што би се остварил кога должината на спотот би изнесувала 30 секунди.
![Период: 01.12.2012 до 30.11.2013 година, 24 часа од понеделник до недела](http://marketing365.mk/wp-content/uploads/2014/04/Топ-пивски-огласувачи-и-топ-брендови.png)
до недела
Како што може да се забележи од табелата, убедливо најголем пивски ТВ огласувач во истражуваниот период е Пивара Скопје со 19.032 Eq.GRP или 66,3% од целиот пазар, двојно повеќе од “Прилепска пиварница“.
Најогласувани пивски брендови во Македонија се : Скопско (47%), Златен Даб (25,2%) и Скопско радлер(13,6%), следени од Горско и Бадвајзер.