Home » Во фокусот » Најкреативната кампања на светот за 2017 година е…

Најкреативната кампања на светот за 2017 година е…

Gunn Report, глобален индекс за креативни перформанси во рекламирањето, ги објави резултатите од својот нов Gunn 100 извештај кој содржи листа на 100 најуспешни рекламни идеи во 2017 година.

Ранг листата, која вклучува врвни креативни агенции, агенцијата мрежи, холдинг компании, брендови, огласувачи и земји, се составува со анализа на резултатите на повеќе од 40 најзначајни, светски, регионални и национални креативни доделувања на награди.

Најкреативна кампања во светот во 2017 година според ова рангирање е “Meet Graham“, која ја креираше агенција Clemenger BBDO Мелбурн за Австралиската комисија за сообраќајни несреќи, а во која е прикажано како човек треба да изгледа да преживее една сообраќајна несреќа. На второто место е “Fearless Girl“ на агенцијата McCann Њујорк, која ја изработиле по повод Меѓународниот ден на жената за инвестициската куќа State Street Global Advisors.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365