Не секој ден имате можност да гледате квалитетна реклама за грав. Но, токму тоа е она што ни го нуди брендот за прехрамбени производи Heinz во својот нов видео-спот за британскиот пазар во кој рекламира конзервиран грав.
Спотот отпочнува со сцена во која една жена дознава дека конзервираниот грав од Heinz кој го нарачала за достава ѝ бил заменет со некој друг производ. Таа се разочарува и прави голем напор и поминува многубројни препреки за да стигне до продавница и да ја купи толку посакуваната конзерва.
На крајот од спотот се појавува слоганот „[Heinz] Beanz Meanz More“ („Гравот значи повеќе“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Dentsumcgarrybowen и продукциската куќа Hunky Dory.