Гледаноста на 92-то доделување на Оскарите се спушти на најниско ниво од нејзиното организирање, значително помалку споредено и во однос на минатата година – на само 23,6 милиони гледачи во САД, објави телевизијата АБЦ.
Во 2019 година, вечерта на Оскарите, најпрестижните филмски награди во Холивуд привлече 29,6 милиони гледачи, по историското минимално ниво од 26,5 милиони претходната година.
Церемонијата во 2020 година ќе биде запаметена по јужнокорејскиот филм Паразит кој освои четири Оскари, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм, што за прв пат филм што не е од англиското говорно подрачје да ја освои оваа награда.
Сепак, критичарите се согласуваат дека церемонијата, која траеше повеќе од три и пол часа, не беше особено впечатлива.
Втора година по ред, вечерта немаше водител, со надеж дека ќе го повтори успехот во 2019 година, но настапите на ѕвездите кои се менуваа на сцената и ги отвараа ковертите со награди, генерално беа разочарувачки.
Гледаноста на Оскарите која премина 43 милиони гледачи во 2014 година е во постојана опаѓање во САД во последните години, како и другите церемонии за награди, како што се Златен глобус, Греми наградите и други.
Повторно оваа година, доделувањето на Оскарите доби многу критики, многумина негодуваа за недостигот на етничка и културна разноликост во номинациите, како и од недостаток на жени во номинацијата за категорија режисер.
Некои дури повикаа на бојкот на церемонијата преку социјалните мрежи.
Сепак, од 39 златни статуетки доделени во 2020 година, една третина им припаднаа на жените.