Бургер Кинг во САД сака да ги охрабри корисниците да ги користат нивните услуги за испорака до дома
Бургер Кинг започна нова принт кампања во САД , со која ја промовира својата услуга за достава до дома, а одлучи дека најдобриот начин да го направи тоа е да им ги покаже на корисниците “сите опасности” од користењето на услугата за купување со возење од автомобил.
Брендот уште еднаш се насочи кон вистински фотографии, како и во нивната кампањата во која користеа фотографии од вистински ресторани зафатени од пожар, со тоа што овај пат услугите ги промовираат со помош на фотографии од сообраќајни несреќи кои се случиле во нивните ресторани.
Никој не е сериозно повреден на фотографиите кои се користени во кампањата, а кои дефинитивно ги наведуваат гледачите да размислат за нарачување со достава до дома.
Тоа го постигнаа со многу едноставен повик за акција која ги следи визуелните пораки “Оставете ни го тоа на нас“, со што Бургер Кинг ги поканува корисниците да ја користат апликацијата DoorDash или веб-страницата DoorDash.com.
Рекламите ги изработи агенцијата Lola MullenLowe, а се појави и во неколку поголеми печатени медиуми низ САД.