МАМА’S за сите верни љубители на автентичната македонска кујна ја збогати програмата од пиперка и слатката линија со уште една традиционална класика – MAMA’S ТАВЧЕ ГРАВЧЕ отсега достапно во маркетите низ Македонија.
„Овој производ е најновото од MAMA’S креативната кујна со кој продолжувме да го претставуваме магичниот македонски вкус на светсткиот пазар. Наша цел со тавчето гравче е да им го олесниме динамичниот живот на луѓето и сите оние кои се во потрага по традиционално јадење и вистинско вкусно доживување за помалку од 10 мин“ – изјави Калин Бабушки, бренд менаџер за MAMA’S.
Спакувано во познaтата МАМА’S тегла со препознатлива текстура и боја, одбрани состојки и фузија од вкусови, MAMA’S ТАВЧЕ ГРАВЧЕ е инспирација за експериментирање во кујната. Во креативната кујна на мама Милица се крчкаше овој производ со големо внимани и љубов за да биде примамлив и општо прифатен во другите светски кујни. MAMA’S ТАВЧЕ ГРАВЧЕ е готово јадење кое само треба да се подгрее и да се комбинира по желба.
Овој производ како и другите MAMA’S производи се наменети за домашниот и странските пазари. MAMA’S стратегијата е насочена кон континуиран квалитет на постојните и развој на нови производи и со постојани вложувања ја прошируваме палетата на производи за да ги задоволиме различните потреби и барања на нашите потрошувачи.