Институтот за модерни музички перформанси од Велика Британија ги анализираше профилите на познатите личности со цел да утврди кој од нив има најмногу лажни следбеници, односно ботови.
На прво место се најде американската ТВ водителка и комичарка Елен Деџенерис, која ја следат 74,4 милиони луѓе, од кои дури 58 проценти се лажни профили.
На второто место е пејачката и актерка Кејти Пери со 53 проценти лажни следбеници. Зад неа е реалити ѕвездата Кортни Кардашијан, која има вкупно 80 милиони следбеници, од кои скоро половина од нив, 49 проценти, се лажни.
Пејачката Тејлор Свифт има ист процент на ботови, со вкупно 119 милиони следбеници. Зад неа стојат корејските супер ѕвезди БТС, кои ги следат 19 милиони следбеници, од кои речиси 49 проценти се лажни.
Следат боливудската sвезда Дипика Падуконе (48 проценти), Мајли Сајрус (47 проценти), Ариана Гранде и Пријанка Чопра (по 46%). На 10-то место е Кајли Џенер со 45 проценти.