Во текот на вчерашниот ден, Гемиус ги објави резултатите од статистиките за најпопуларните македонски веб сајтови (секако со исклучок на оние што не се вклучени во мерењето) за месец Декември 2013 година.
Резултатите за постигнувањата во Декември беа со нетрпение очекувани за да се види ефектот на измените во алгоритмот на Фејсбук (намалување на reach-от на фан страните), за кој знаеме дека е еден од главните генератори на сообраќај кон веб сајтовите.
Рангирањето на најпосетуваните македонски веб сајтови, како што го презентиравме и за месец Јули (види ЛИНК) , ќе го вршиме по три параметри: Visitors (Real Users) , Page Views и Reach.
– Според Visitors (Real Users) односно, вистински корисници, кој претставува број на луѓе (не компјутери или кукис) кои барем еднаш во мониторираниот период (Декември 2013) посетиле најмалку една страна од мониторираниите веб сајтови, најпосетувани македонски веб сајтови се:
Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на ОВОЈ линк.
Првото нешто што паѓа во очи е дека постојат многу “црвени бројки“ кај трендовите, што значи дека генерално бројот на посетители кај топ 15-те македонски веб сајтови е опаднат во споредба со месец Ноември. Ако тука ја додадеме претпоставката дека главен извор на traffic беше ФБ, ќе заклучиме дека намалувањето на reach-от на објавите на ФБ фан страните се одрази поприлично негативно на бројот на посетители на веб сајтовите.
Забележливо е дека најголем пад во бројот на посетители во споредба со минатиот месец имаат порталите Telegraf.mk, ZaSe.mk и Puls24.mk чиј просечен пад на посетители изнесува 22,56 %.
– Втор параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето ќе биде Page Views – т.е. бројот на прикажани страни од еден веб сајт во рамки на пребарувачот на посетителот
Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на ОВОЈ линк.
– Трет параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето на веб сајтовите за месец Декември 2013 ќе биде според Reach т.е. според процентот на посетители (real users) кои погледнале најмалу една веб страна од веб сајтот за определеното мониторирано време споредено со вкупниот број на активни интернет корисници во истиот временски период.
Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на ОВОЈ линк.
Повеќе информации за методологијата и рангирањето можете да видите на Audience.mk од каде што овие податоци се преземени и каде месечно се објавуваат најновите извештаи за ранкингот по овие параметри.
Овие метрики се само еден мал индикатор, една мала помош плус, при изборот на веб медиум кој е најпогоден за вклучување во медиа планот за следната кампања на нашиот клиент, но секако тие неможат да ни бидат одлучувачки бидејќи е неразумно во предвид да не се земе дополнителна анализа на содржината на веб медиумите и кредибилитетот кој таа го има кај нашата целна публика.