Home » Во фокусот » Најпосетувани македонски веб сајтови за месец Март 2014

Најпосетувани македонски веб сајтови за месец Март 2014

Резултатите од постигнувањата во Март 2014 се први после потпишувањето на договорите помеѓу Гемиус и веб сајтовите. Од прегледот можеме да забележиме дека во мерењата учествуваат мнозинството портали кои се мереа и претходно со исклучок на неколку (Off.net.mk , On.Net.mk , Sky.mk , Kajgana.com.mk,  Telegraf.mk , Dnevnik.mk, Utrinski.mk итн..).

Рангирањето за месец Март 2014 ќе го презентираме по 4 параметри ( Reach, Visitors (Real Users), Page Views  и Visits).

  • Прв параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето на веб сајтовите за месец Март 2014 ќе биде според Reach т.е. според процентот на посетители (real users) кои погледнале најмалу една веб страна од веб сајтот за определеното мониторирано време споредено со вкупниот број на активни интернет корисници во истиот временски период.
Reach Март 2014

Source: Gemius, gemiusAudience, March 2014

Целиот ранкинг по овој параметар е достапен на следниов ЛИНК

 Ако Reach-от го претставиме во апсолутни бројки, односно според Visitors (Real Users)  вистински корисници, параметар кој претставува број на луѓе (не компјутери или кукис) кои барем еднаш во мониторираниот период (Март 2014) посетиле најмалку една страна од мониторираниите веб сајтови:

visitors (real users) march 2014

Source: Gemius, gemiusAudience, March 2014

  • Нареден параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето ќе биде Page Views – т.е. бројот на прикажани страни од еден веб сајт во рамки на пребарувачот на посетителот
page views march 2014

Source: Gemius, gemiusAudience, March 2014

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК

  • За крај, ќе го покажеме ранкингот според Visits, односно вкупен број на посети на еден портал, генериран од интернет корисниците во определениот временски период.

visits march 2014

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК.

Повеќе информации за методологијата и рангирањето можете да видите на Audience.mk од каде што овие податоци се преземени и каде месечно се објавуваат најновите извештаи за ранкингот по овие параметри.

Овие метрики се само еден мал индикатор, една мала помош плус, при изборот на веб медиум кој е најпогоден за вклучување во медиа планот за следната кампања на нашиот клиент, но секако тие неможат да ни бидат одлучувачки бидејќи е неразумно во предвид да не се земе дополнителна анализа на содржината на веб медиумите и кредибилитетот кој таа го има кај нашата целна публика.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

2 comments

  1. Tuka ima navistina mal broj od sajtotvi :S neznam dali ova moze da se zeme za verodojstovjo, Koj ja pravi ovaa lista na sajtovi?

  2. @Filip,

    Gemius gi meri sajtovite, pravi istrazuvanje na publikata i vrsi rangiranje. Istoto javno go objavuva na audience.mk .

    Ne bi rekol deka ima mal broj na sajtovi (ima 47, proveri go linkot kade sto moze da se vide celiot ranking). Gi ima mnozinstvoto od najposetuvanite. NO, tocno e i se soglasuvam deka falat uste nekolku od vodeckite i toa e minus vo kredibilitetot na servisot.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365