Како што се наближуваме кон крајот на 2021 година, светскиот авторитет за бои PANTONE традиционално го откри својот избор за „боја на следната година“.
PANTONE за прв пат оваа година создаде нова боја, наместо да избере една од постоечката датабаза на бои и нијанси. Стручниот тим на Институтот за бои ја комбинирал „константноста“ на сината боја со „возбудливоста“ на црвената, за да добие бледа виолетова нијанса наречена “Very Peri” (код: PANTONE 17-3938).
Се работи за варијанта на бојата наречена “Periwinkle”, која пак е исто така позната како „пастелна виолетова“ или „лаванда сина“. Според PANTONE, бојата “Very Peri” е „безгрижна, но охрабрувачка“. Таа е „најсреќната и најтоплата од сите сини нијанси“.
„Создавањето на нова боја за прв пат во историјата на нашата едукативна програма за „Боја на Годината“ ги одразува глобалните иновации и трансформации кои што се случуваат. Како што општеството продолува да ја препознава бојата како критична форма на комуникација и како начин за изразување и спроведување идеи, емоции, инеракции и поврзување, комплексноста на оваа нова сина нијанса со црвено-виолетови примеси ги нагласува експанзивните можност кои се наоѓаат пред нас“ – истакнува Лори Пресман, потпретседателка на Институтот за бои при PANTONE.