Home » Во фокусот » На конференцијата DIABLOG ќе бидат презентирани резултатите од првото истражување за хрватската инфлуенсерска сцена

На конференцијата DIABLOG ќе бидат презентирани резултатите од првото истражување за хрватската инфлуенсерска сцена

По повод второто издание на конференцијата DIABLOG, агенцијата DIALOG комуникации го спроведе првото истражување за состојбата на инфлуенсерската сцена во Хрватска, а резултатите од истражувањето премиерно ќе бидат прикажани на конференцијата која се одржува на 14 ноември во хотелот Академија во Загреб.

Освен претставување на резултатите од истражувањето за инфлуенсерите, како и најновото истражување за блогерите и предавањето на Erin Salisbury од Ketchum, на конференцијата ќе се одржи презентација на најдобрите кампањи, како и разговор со инфлуенсерката Јелена Периќ, девојка која на Инстаграм ја следат милион фанови. Програмата во целост можете да ја погледнете овде.

Амбицијата на DIABLOG да стане клучна платформа за размена на размислувања и ставови помеѓу блогерите, инфлуенсерите, агенциите, медиумите  и огласувачите ја препознаа Dukat, Nivea, INA, American Express, Avon, Coca-Cola HBC и The Famous Grouse преку спонзорство и учество во програмата.

Новостите за конференцијата можете да ги следите на веб страната http://www.diablog.hr, како и на Diablog социјалните мрежи (DIABLOG Facebook и Instagram).

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365