Проектот “Нано чевли“, во кој агенцијата ги “облекува” комарците со специјални обувки кои шират ларвицид, е доказ дека креативноста може да помогне и во најтешките проблеми
Агенцијата BBDO Бангкок помогна во решавањето на еден од најголемите проблеми во светот и ги измами најголемите убијци на човештвото – комарците. Откако добиле покана да помогнат да се подигне свеста за превенција од комарци во сиромашните квартови на Бангкок и во другите градови во југоисточна Азија, агенцијата BBDO Бангкок отиде чекор подалеку и измисли нешто што би можело да го промени начинот на контролирање на комарците во целиот свет.
Наречена “Нано чевли”, оваа иновација ги покрива нозете на комарците со посебен BTI ларвицид – синтетичка бактерија која се појавува и во природата и која го спречува развојот на ларвите на комарците. Тоа значи дека кога комарците ќе одлетаат на места на кои се размножуваат, всушност, тие стануваат свои истребувачи.
Новиот, еколошки ларвицид е создаден во партнерство со клиентите SCG Chemicals и Pastuer Institute. Обично, лаврицидите се поставуваат рачно на места погодни за размножување на комарците, но тоа е трудоинтензивен процес, кој според тврдењата на BBDO, сепак не допира до 80 проценти од таквите места или поради надостапност или затоа што се целосно непознати за луѓето.
https://www.youtube.com/watch?v=2Df5MJa99Ek
“Значи тука започна нашиот креативен процес”, вели Suthisak Sucharittanonta, претседател и главен креативен директор на BBDO Бангкок. “Се запрашавме: Како можеме да го доведеме овој BTI лаврицид до локациите за размножување, без физички да го правиме тоа самите? После тоа, тимовите веднаш почнаа да размислуваат за редизајнирање и нова примена на постојните објекти во рамките на овие непривилегирани заедници. Но, на крајот од денот, решенијата до кои дојдовме и понатаму не одговорија на прашањето како можеме да дојдеме до сите скриени или недостапни места за размножување. Затоа се запрашавме: “Кој знае каде се овие места за размножување?” И кога беше поставено тоа прашање, одговорот беше очигледен: знаат комарците. Значи, го најдовме срцето на нашата кампања: Користете комарци за борба против комарците. “
Агенцијата и нејзините клиенти проценуваат дека еден комарец со Нано чевлите со лаврицид, потенцијално може да спречи созревање на илјадници ларви, без да влијае на другите инсекти или луѓето.