Турскиот авиопревозник Turkish Airlines ја лансираше својата нова кампања насловена “Write Your Own Story” („Напишете ја вашата сопствена приказна“),која ги носи гледачите на извонредно визуелно патување низ волшебните историски знаменитости на Истанбул.
Во духот на фудбалското лето, главна ѕвезда на новата кампања е легендарниот бразилски десен бек Кафу. Со помош на турскиот авиопревозник, тој ги искусува убавините на Истанбул, но истовремено ги поттикнува гледачите да ја напишат сопствената приказна преку лични искуства во овој прекрасен град.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција With Beyond и продукциската куќа Miel Film од Истанбул.