Home » Во фокусот » Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

Насер Селмани од весникот „Вест“  е реизбран во наредните четири години да го предводи новинарското здружение – ЗНМ на редовното изборно собрание кое се одржа денеска, пренесува Фокус.мк

Тој освои 154 гласа, додека неговиот противкандидат Семи Мехмети од порталот „Алмакос“ освои 21 глас.

naser selmani

На изборите за членови на Управен одбор на ЗНМ најмногу гласови освои колегата Томислав Кежаровски. Освен него, нови членови се и: Гоце Михајлоски од 24 Вести, Зоран Димитровски од Фокус, Бенјамин Арифи од Алсат М, Иван Бојаџиски од Утрински, Штипски Глас, Ристо Тасев дописник од Утрински, Мишко Иванов од 24 Вести, Зоран Андонов од Вест, Дневник, Стојанче Наумов, новинар, Фиљана Кока од МРТВ, Миомир Серафиновиќ од Канал 5, Кристина Мачкиќ од Телма, Бесим Илјази од Коха, Неџат Акифи од МРТ

Надзорниот одбор на ЗНМ во наредните 4 години ќе го сочинуваат следните новинари: Дарко Чекеровскиод Телма, Башким Сулејмани од Алсат М, Мира Костиќ од МРТ, Соња Колевска Делевска од Вест, Тони Михаилов од ТВ Стар, Џенис Сулимани и ЛајмХусаметин Гина од Балкон 3.

За седум членови на Советот на честа на ЗНМ се избрани новинарите: Гордана Дувњак од Утрински весник, Емилија Лазаревска од Телма, Урим Хасипи од Коха,  Илија Стефановски од Радио Кочани, Мирјана Трпческа од Канал 5, Фросина Лазаревска од Плоштад и Каролина Мицевскаод Нова Македонија.

Фото: Фокус.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365