Колку пати досега сте посакале да можете на едно место да најдете сѐ што ви е потребно за вашето секојдневие и притоа да го задоволите вашиот стил? И девојки, колку пати досега сте го барале совршениот подарок за вашиот партнер или пријател и сте се двоумеле за вистинскиот избор?
Наскоро ќе може да купите сѐ што ќе посакате од едно место и тоа онлајн, во првиот специјализиран онлајн шоп наменет за мажи – Friday Shop.
Позади приказната на Friday Shop стои тимот од Friday.mk, веќе добро познатиот специјализиран онлајн магазин за мажи, кој воедно претставува прв од ваков тип кај нас. Мотив за започнување на проектот била целата приказна на Friday.mk, каде со години го претставуваат стилот на вистинскиот џентлмен, споделувајќи совети и новитети за мода, начинот на однесување, совети за успешна кариера и новости од различни области со интересни содржини за машката популација.
„Често добиваме пораки од нашите читатели за тоа каде може да нарачаат некој од производите за кои пишуваме на веб-сајтот. Веќе извесно време размислувавме за тоа дека би било одлична идеја да овозможиме дел од тоа што го претставуваме во виртуелниот простор, да можеме да го понудиме на едно место, со можност да се нарача онлајн и купувачите да го добијат веднаш во своите домови. Онлајн шопингот стана секојдневие и на нашите простори, па имаме безбедна можност да си купиме очила, часовник или парче облека без да бидеме присутни во продавница. Оттука логичен одговор беше создавањето на Friday Shop, онлајн продавница каде што секој современ и модерен маж ќе може од едно место и од удобноста на својот дом да купи различни производи од познати брендови. Склучивме договори со повеќе докажани домашни и светски познати брендови, а креиравме и наши персонални производи Friday со кои сакаме да внесеме свежина во целата приказна. Friday.mk е просторот каде што се спојуваат бизнисот и уживањето, па настојувавме тоа да го пресликаме во Friday Shop, простор каде што се спојуваат шопингот и уживањето.“ – изјави Мартин Костадиновски, директор на Friday Shop.
Маици, аксесоари, производи за дома, сетови за нега, чевли, машни, алки, часовници, специјално дизајнирани чаши за еспресо и многу други производи наскоро ќе бидат достапни за нарачка од нивниот оналјн шоп. Од Friday Shop очекуваат набрзо да станат главниот простор каде секој современ маж кој живее брз и динамичен живот ќе може своите шопинг потреби да ги задоволи на едно место.
Плаќањето е преку еден од најбезбедните системи кај нас, со што гарантирaат стабилност и строга политика на користење на податоците, а тимот на Friday Shop со нивната 24 часовна достапност, ќе се погрижи за брзо и квалитетно испорачување на производот директно до домот на купувачот.
За да го одбележат стартот и официјалното започнување со работа на сајтот, од Friday Shop подготвија и изненадувања за првите 100 купувачи. Следете ги и дознајте кога ќе може да ја направите вашата прва нарачка и да влезете во тимот на македонски мажи со урбан стил и префинет моден вкус. Нивните соработници, достапни производи и специјални понуди може да ги погледнете на нивниот веб-сајт.