Њујорк Тајмс објави имиња на илјада луѓе кои починаа од коронавирусот на насловната страница, со цел да се укаже дека бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 во САД е близу 100.000.
САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус. Според Ворлдметерс, во земјата има 98.683 смртни случаи како последица на коронавирус.
Њујорк Тајмс објави едeн процент од овие случаи на насловната страница, а поднасловот вели дека тие не се само имиња на списокот.
„Тие беа меѓу нас“, истакнува Њујорк Тајмс.
Страницата ја составил новинар кој ги анализирал некролозите и соопштенијата за смртта од коронавирус и составивил список со скоро 1.000 имиња, се вели во соопштението на Њујорк Тајмс.
Кратките пасуси извадени од некролозите и наведени на насловната страница, даваат чувство на „единственост на секој изгубен живот“.
САД имаат 1,6 милиони случаи на заболени со коронавирус, според статистиките на универзитетот Џон Хопкинс.