Home » Во фокусот » Натали Портман е ѕвездата во оваа невообичаена реклама за парфемот Miss Dior

Натали Портман е ѕвездата во оваа невообичаена реклама за парфемот Miss Dior

После впечатливиот спот за Кензо кој го режираше Спајк Џоунс, сега имаме уште една реклама за парфем кој го менува вообичаениот начин на кој се прават рекламите во оваа категорија

Една девојка трча во плитката вода на морето,брз рез на коњи во галоп, назад во крупен кадар на девојката која одеднаш е под некој водопад, ненадејно голем дијамант го покрива целиот екран… така некако би изгледала една генеричка реклама за парфем каква што сме виделе веќе милион пати.

Но, работите почнуваат да се менуваат. Криптичното раскажување и понатаму е главен елемент на рекламите за парфеми, но сега некои брендови се трудат тоа да го одведат на потполно ново ниво. После невообичаената минатогодишна реклама која ја режираше Спајк Џоунс за Кензо, сега имаме уште еден одличен пример за тоа во рекламата за парфемот Miss Dior, во која глуми прекрасната Натали Портман.

Темата на оваа реклама е љубовта и она на што сме спремни да направиме за неа.

Ова емоционално филмско дело ги прикажува подемите и падовите на една љубовна приказна, поставена со хитот на Сиа „Chandelier“. Видеото на YouTube има веќе преку 30 милиони прегледи, а судејќи по коментарите на многу од оние кои го погледнале, би сакале да ја видат оваа реклама како вистински филм.

Погледнете го и видеото подолу за да слушнете што Натали Портман мисли за рекламата и парфемот Miss Dior.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365