После големиот успех и наградата за најдобра кампања во 2013 на Фестивалотза креативно творештвото “Моќта на креативноста”, кампањата “Може“, која креативно ја осмисли и реализира агенција Меккен Белград за Рајфајзен банка, го доби своетопродолжение. Ретки се кампањите кои остваруваат голем успех во јавноста и добиваат свое подеднакво успешно продолжение, бидејќи е голем предизвик да се осмислат нови креативни решенија на иста платформа. Затоа, пред креативниот тим на Меккен Белград постоеше тешка задача, особено со оглед на тековната кампања “Може” ,според растот на сите клучни параметри и оперативни резултати. Рајфајзен банка, со својот ефективен слоган навлезе во сите аспекти од секојдневниот живот, и секое изговарање на зборот “може”, неизбежно предизвикува асоцијација на Рајфајзен банка.
“Новата кампања го следи претходниот слоган, но носи и една важна новина – го изместува “може” од очекуваното поврзување за бенефициите кои ги нудат производите на банката, доведувајќи го во реалниот живот на актерите, иначе популарни глумци Ана Софреновиќ, Јелена Гавриловиќ и Драгана Миќановиќ, кои ги освоија симпатиите не само на нашите клиенти, туку и на најширока публика. Преку нивните три тестемонијали успеавме концептот ” може”, да го направиме пожив, потопол, и на тој начин, ние веруваме, дека ќе обезбедиме негово траење, и способност за асоцијативно поврзување за Рајфајзен банка и во наредниот период“, истакна Катарина Габоровиќ, директор на Одделот за маркетинг и односи со јавноста на Рајфајзен банка
Кампањата ”Може”, стана вистински културен феномен во вид на спонтано споделување на социјалните мрежи. После дијалозите од спотовите кои се често цитирани во секојдневниот живот и meme-сликичките кои го преплавија интернртот, а во кои јунаците од рекламите се најдоа во разни забавни и неочекувани ситуации, и продолжението на кампањата многу брзо доби свој одѕив во јавноста. Така, се појавија нови “Може”- meme, овој пат со СМС број, за помош од поплавите на загрозеното население. Рекламите го инспирираа и илустраторот Марко Сомборац, па ситуацијата ”Може” се појави и во еден од неговите популарни сатирични стрипови.
„Секогаш е тешко да се работи продолжение на кампања која остварила голем успех. Главната цел, нас ни беше да смислиме креативни решенија кои остануваат на истата платформа, а кои од друга страна се доволно свежи и нови, како не би дошло до заситување и разочарување на публикатата поради повторувањето. Свесни дека кампањата ”Може” имаше голем одѕив и дека особено во случајот на актерката Јелена Гаврилович, влијаеше и на нејзината лична популарност, се поигравме со односите на актерите и нивните ликови во продолжението на кампањата”,изјави Бојан Бабиќ, copywriter во агенцијата Меккен Белград.
Покрај серијата од три нови спотови за продолжението на кампањата “Може”, агенцијата Меккен Белград ги осмисли и решенијата за принт огласите, како и банер кампањата.
Трите нови спотови, направени за продолжението на кампањата “Може”на Рајфајзен банка, можете да ги погледнете на ледниве линкови: