Шпанскиот моден бренд Zara ја претстави својата нова колекција за мажи, одбележувајќи го крајот на летната сезона на одмори и враќањето на работа во канцеларија.
Со цел промоција на новата колекција, брендот ја лансираше кампањата “Back to Work” („Назад на работа“). Дејството на централниот спот на кампањата се одвива во лифтот на некоја корпоративна зграда, како суштински симбол на канцеларискиот живот.
Филмот на уметнички начин ги доловува секојдневните незгодни и комични сценарија што можат да се случат во корпоративниот лифт, а со кои може да сочувствуваат сите канцелариски работници.
Видео спотот е режиран од страна на Џордан Хол од Bryght Young Things, со помош на продукциската агенција PRODn и пост-продукција од BYT во Њујорк.
Новата канцелариска колекција за мажи на Zara може да се разгледа на следниот линк.