Најдобрата кошаркарска лига во светот доби рестилизирано лого по повод 75-годишнината од оваа организација.
Ова лого, кое ќе има форма на дијамант, ќе се појави како официјално на терените, како и на службената роба, во спортските сали и преносите, наведуваат од лигата.
Самата силуета на кошаркарот, за кого долго време се шпекулира дека е Џери Вест, ќе остане непроменета, додека дијамантската рамка ќе биде пресечена со линии, така што ќе личи на кошаркарска топка.
НБА ќе претстави поинаква дигитална слика на социјалните мрежи, наместо претходното правоаголно лого, но боите: црвена, сина и бела ќе останат исти.
View this post on Instagram