Данскиот пивски бренд Tuborg лансираше нова кампања за домашниот пазат за пивото Tuborg Grøn, насловена “It’s not the same without you” („Не е исто без тебе“).
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во која три другари купуваат четири лименки пиво од штанд на Tuborg, поставен на некој музички фестивал. Четвртата лименка е наменета за нивната другарка која патува и не била во можност да дојде со нив на фестивалот, па им недостига.
Но, со помош на еден куп луѓе од различни сфери на животот, од пилоти до моторџии и рибари, од рака на рака, пивото успева да дојде до другарката која патува со автобус. Спотот завршува со сцена во која сите другари меѓусебно се гледаат преку видео-повик и се радуваат со своите лименки пиво.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Wibroe, Duckert & Partners и продукциската куќа Stink Films.