Home » Во фокусот » Не само во Гугл, туку и во Валосо Хуб – Македонија, денот започнува со физичка активност

Не само во Гугл, туку и во Валосо Хуб – Македонија, денот започнува со физичка активност

Вежбањето на работа не е нешто ново во светот. Всушност многу светски компании се грижат за физичкото и психичкото здравје на своите вработени, вклучувајќи го и интернет гигантот Гугл. Редовното вежбање, па макар и десетина минути одвоени од денот, можат да чинат чуда за целокупното здравје на човекот. Поради ова, многу компании воведуваат програма за вежбање во нивните простории со цел да го подобрат квалитетот на работење. Но, дали вакво нешто постои и во Македонија или останува културен феномен далеку од нашиот допир?

Утринско вежбање во Валосо Хуб

Валосо Хуб е прилично новоотворена компанија во Скопје. Компанијата се занимава со видео продукција и создава иновативни решенија од областа на ИТ на глобално ниво. Исто така, има цел да ги обедини највлијателните компании и поединци од областа на бизнис и технологијата на едно место. Оваа цел ќе ја реализираат преку нивниот бизнис настан – Tech.O, кој ќе се одржи во нивната канцеларија на 8ми февруари.

Неодамна, Валосо Хуб одлучи да ги поттикне своите вработени на физички активност со организирање на утринско вежбање секој работен ден. Секое утро од 08:30 – 08:50 вработените од Валосо Хуб имаат можност физички да се активираат пред да ги започнат своите работни обврски. Целта на овој чекор, освен физичка активност, е да се креира една пријатна работна атмосфера, да се поттикне работна мотивација кај вработените и да се зајакнат колегијалните односи.

Зумба и хип хоп – Комбинација за успех

Ако зачекорите низ влезната врата на Валосо Хуб помеѓу 08:30 – 08:50 наутро ќе забележите група ведри и енергични млади личности како се движат и истегнуваат во ритамот на музиката во позадина. Најверојатно би помислиле дека посетуваат приватен час по танц, но вистината е различна. Тие се всушност на своето работно место. Секое утро во исто време, тимот на Валосо Хуб вежба разни вежби, вклучувајќи зумба со професионалната зумба инструкторка Кате, како и хип хоп вежби. Овие вежби се одлична комбинација за успех на компанијата во секој поглед. Вработените се мотивирани за работа, ги зајакнуваат колегијалните односи, и се чувствуваат почитувани и на лично и на професионално ниво.

Утринското вежбање на работа беше ново искуство и за вработените во Валосо Хуб. Како и секој почеток, се јави скептичност за тоа како и дали оваа утринската рутина ќе биде прифатена. Меѓутоа, резултатите се одлични. Вработените доаѓаат насмеани на работа, расонети и спремни за вежбање. Исто така, вработените се помотивирани да ги извршуваат работните задачи. Оваа мотивација и желба за работа се прикажува и во успехот и угледот на компанијата.

Кои се придобивките на утринското вежбање на работа

Утринското вежбање на работа има многубројни придобивки – здравствени и професионални.

Некои од здравствените придобивки на редовно вежбање се намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, зајакнување на коски и мускули, како и подобрување на психичкото здравје и расположението.

Во однос на професионалните придобивки, вежбањето на работа буди искрена желба кај вработените да одат на работа и квалитетно да ги извршуваат нивните обврски. На овој начин тие се чувствуваат почитувани и ценети. Се разбира, доколку работникот е задоволен од неговиот третман на работното место тогаш и неговиот квалитет се подобрува. На овој начин и угледот на компанијата се подобрува.

Валосо Хуб – пример за останатите македонски компании

Валосо Хуб е водечки пример за тоа како една македонска компанија треба да се грижи за своите вработени. Други компании во Македонија, без разлика дали се големи или мали, треба да размислат за применување на овој иновативен пристап за подобрување на работните услови на своите вработени и за придобивките кои би можеле да ги добијат на овој начин. Убаво е да се види како Македонија е во чекор со светските трендови и дека не само во Гугл, туку и во Валосо Хуб, денот започнува со физичка активност.

Посетете ја веб страницата на Валосо Хуб или посетете ја нивната Facebook страница за да дознаете повеќе за нивните утрински активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365