Home » Digital » Неколку дигитални видео трендови кои ја менуваат индустријата

Неколку дигитални видео трендови кои ја менуваат индустријата

Кога 6 визионерски компании и IAB  се здружија за Digital Content NewFronts во 2013, постоеја 2 фиксирани идеи. Првата дека видео содржините се многу значајни, а втората дека се друго ќе се промени.

Растот на огласувачкиот пазар подржан од дигиталните видео содржини – во долга и кратка форма по одредено сценарио или вистинска случка, анимирани или со реални ликови, за гејмери или за фешн инспирации – стана многу важен и ја потврди важноста на нешто што порано изгледаше сосема контрадикторно- пазар за теоретски неограничен медиум.

Во 2016, според извештајот на IAB (Internet Advertising Revenue Report), огласувањето во дигитални видеа достигнало рекордни 9.1 милијарда долари, со 53% покачување споредено со 2015, правејќи го еден од најбрзорастечките медиуми за реклами во САД. На мобилните уреди, растот на заработката од видео е уште побрза, достигнувајќи раст од 145% на годишно ниво со заработувачка до околу $4.2 милијарди— а растот на ваквите содржини непрекинато расте без знаци на успорување.

Претпоставките за промената се уште поинтересни од самата промена. Многу од трендовите кои се одвиваат на полето на дигиталното видео не беа предвидени од страна на основачите на NewFronts (конференција за дигитален контент на ИАБ). Иако можевме да претпоставиме како ќе се одвива развојот на технологијата – сепак не можевме да бидеме сосема свесни за степенот до кој ќе достигне вежноста на малите мобилни екрани како извор за  забава во корисничкото искуство- а не пак во медиум кој ќе се развива во рамките на кинематографијата.
Порано можеби мислевме дека оригиналната дигитална видео содржина ќе се развива во насока да стане конкурент на кабловската телевизија, а денес гледаме големи иновации кои не се поврзуваат директно со телевизијата како медиум.

Извор:.iab.com

Компаниите со содржини стануваат компании со податоци. Издавачите ги надградуваат податоците со кои располагаат како и способностите за таргетирање, со цел да им понудат на компаниите кои се рекламираат способност за донесување на соодветни содржини до нивната публика во рамките на дигиталниот и мобилниот пејзаж. Потрошувачите воедно очекуваат да имаат пристап до добри видео содржини во било кое време на различни видови на екрани.

Постои “машина“ зад сцените во дигиталното видео. Машинското учење –апликација на вештачката интелигенција во која машините се програмирани да учат за себе од различни податоци станува клучна способност за видео издавачите, со што им се овозможува да го подобрат корисничкото искуство и да донесат подобро рекламирање. Во новите брзорастечки трендови на пазарот, помеѓу кои се наоѓа и виртуелната реалност –многу издавачи развиваат ефикасно рендерирање на 360 видео и 3Д слики кое станува голем тренд на пазарот.

Видеото и социјалните платформи одат заедно едно со друго Издавачите демонстрираат нови иновативни форми на програмирање кои влегуваат во нови заедници на креатори. Овие креатори успешно градат нови публики и потрошувачи кои користат социјални медиуми и се приврзуваат со одредени брендови, содржини и приказни. Во рамките на креирањето на дигиталните содржини е и успешното опслужување на новите публики со она што тие сакаат да го видат/прочитаа кога и каде сакаат да го прочитаат.

Економиката на медиумите е предводена од ограничениот ресурс – вниманието на потрошувачот, а тоа не го исклучува и дигиталното видео. За да бидат успешни, издавачите и компаниите кои се рекламираат знаат дека потребно е да успеат да допрат до милениумците и новите публики и да го фокусираат вниманието на привлечни начини особено прилагодени за мобилните уреди, а со тоа да успеат да изградат успешни врски од почетокот до самиот крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365