Home » Во фокусот » Неколку знаци дека сте лош менаџер

Неколку знаци дека сте лош менаџер

Гугл неодамна спроведе едно од најтемелните истражувања поврзано со однесувањето на менаџерите што некогаш го спровела една ваква огромна корпорација. Почнувајќи од 2009 година, тимот од People Inovation Lab дизвизија на Гугл, помина една година во собирање на податоци, како што се евалуација на перфоманси, анкета на вработените, номинации за највисоки менаџерски награди и други извори, со цел да ја увидат разликата помеѓу менаџерите со највисоки и најниски оценки. Истражувачите сумираа стотици страници белешки и податоци од разговорите, а потоа ги споделиле резултатите со вработените.

Осум особини се идентификувани кај најдобрите раководители, а се разбира, однесувањето кое е во спротивност со овие карактеристики е особина на лошите шефови. Сепак, во повеќето случаи, лошите шефови не знаат дека имаат проблем. Ако сте менаџер, одвоите една минута од своето време и проверете дали припаѓате во групата на добри или лоши раководители:

  • Фрустрирани сте кога треба да обучите работник со нови вештини – студијата на Гугл покажа дека вработените високо ги оценуваат менаџерите кои поседуваат вештини за обука.
  • Сметате дека треба двојно да ја проверувате работата на секој вработен – Ова е форма на микро-управување и се смета за многу лоша карактеристика.
  • Немате желба да ги запознаете своите вработени освен тоа дали добро ја вршат својата работа. Емоционалната интелигенција се смета за еден од најголемите показатели за успешен менаџер. Грижата е од витално значење за стекнување доверба и почит.
  • Имате чувство дека постојано заостанувате и дека сте растргнати на премногу страни – Неможноста за контрола и неспособноста вашата работа да биде секогаш квалитетно и добро изработена е знак за лошо самоуправување. Ако не можете да управувате со својата ефикасност и продуктивност, тогаш не можете да очекувате ни од другите да бидат подобари.
  • Повеќе сакате да останете во вашата канцеларија отколку да разговарате со вашиот тим – Асоцијалните тенденции се знак за некој кој е лош комуникатор.
  • Мислите дека напредокот во кариерата на вашите вработени треба да биде само нивна грижа, а не ваша – Вложувањата во успехот на вашите вработени гради лојални односи и ги задржува вработените, а исто така ги прави повеќе вредни за вас.
  • Не можете да се планирате раст на секторот, затоа што не можете да замислите дека некогаш ќе ги постигнете постоечките цели со сегашниот тим – Добрите менаџери секогаш имаат добро артикулирана визија за раст која ќе им ја пренесат на тимот во начин кој ги мотивира.
  • Мразите што некои од вашите вработени имаат вештини заради кои сте принудени да зависите од нив, бидејќи вие ги немате овие вештини – Најдобрите менаџери знаат кои се нивните силни страни и не се чувствуваат загрозени од страна на оние кои се во нивниот тим.

Ако одговоривте со “да” на една или повеќе од горенаведените ставки, веројатно припаѓате во групата на помалку ефикасни лидери и можеби дури и лоши шефови. Студиите на Галуп покажуваат дека компаниите грешат при изборот на менаџери во дури 82% од случаите. Ги немаат сите потребните квалитети за да бидат добри шефови, што не ве прави лоша личност. Тоа само значи дека треба да најдете работа која ќе ви овозможи да имате поголем индивидуален придонес, за да можете да бидете посреќни и задоволни во вашата кариера. Изнаоѓањето на вистинската работа за вашата уникатна комбинација на доблести е поважно од тоа да кажете дека сте “менаџер”. Зошто? Создавањето репутација на “лош шеф” може да биде погубно за кариерата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365