Во време на глобална криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот, могу брендови одлучија својот придонес и солидарност, освен како помош во општествено одговорна смисла, да го покажат и на симболичен начин.
Компанијата Нектар, како лидер на пазарот на сокови во регионот, порачува дека иако сме разделени, никогаш не сме биле поблиски. Логото на компанијата беше привремено променето од елипса, во облик на куќа, а на разни канали на комуникација и самите букви содржани во името на компанијата беа раздвоени, симболизирајќи ја физичката дистанца неопходна за да се спречи ширењето на новиот вирус.
Во овие денови, најважно е сите да останеме дома доколку нашите работни обврски дозволуваат и да не излегуваме без итна потреба. Овој комуникациски пристап зборува токму за тоа.
Нектар работи напорно за да ги направи своите производи достапни на пазарот во овие тешки услови. Погоните на Нектар се активни, од производство, преку транспорт и логистика, па се до дистрибуција на производите во сите продавници.