Три дена, преку 700 учесници, светски ексклузивни објави, десет исклучително квалитетни панел расправи, две атрактивни презентации, продуцентски и филмски ѕвезди, глобални и регионални експерти – еден NEM.
Така накратко помина овогодинешниот New Europe Market, NEM 2015, кој пробуди голем медиумски интерес и несомнено одушевување на присутните учесници.
Во десетте панели на NEM 2015 се разговараше за најновите и најважните трендови во медиумската индустрија, па така влијателни професионалци од целиот свет и од најголемите медиумски компании ги заинтересираа учесниците со нови информации и интересни дискусии. Меѓу темите на расправа се најдоа следните теми: како да се пронајде нов успешен телевизиски формат, како новите технологии влијаат на телевизиската индустрија , влијанието на сателитската технологија на ОТТ пазарот, како економската криза влијаеше на најголемите медиумски куќи и купувањето на разни права, како функционира огласувањето на денешниот медиумски пазар и како на него влијае се поголемиот број на нови платформи, а своето искуство го споделија и најдобрите светски продуценти.
Имено, на панелот Спој од копродукцискиот рај, учествуваа авторот на серијата Oz и Borgia, Tom Fontana, продуцентката на The Simpsons, Bonita Pietila, авторот на Silent Witness, Nigel McCrery и продуцентот на трилогијата Millenium, Peter Nadermann. По многумина најинтересен панел кој пробуди голем интерес кај учесниците на NEM, кои на крајот уживаа во 20 минутното испрашување на продуцентите. Во текот на панелот, помеѓу останатото, дознаа дека Tom Fontana “уби повеќе ликови“ од серијата Game of thrones, дека Moe на почетокот на Симпсонови не го глумеше талентираниот Hank Azaria, тоа ни го откри Bonita Pietila, и тоа дека Peter Nadermann голема важност во текот на продукцијата на своите проекти става на синхронизацијата на изворниот јазик. Целта дискусија ја водеше продуцентката и коосновач на Kinoramа, Ankica Jurić Tilić, а трејлерот на нејзиниот нов филм Zvizdan, неодамна награден на Филмскиот Кански фестивал, беше претставен во воведот на панелот.
NEM 2015 секако го одбележа и доаѓањето на телевизиската ѕвезда Tim Daly, кој моментално го гледаме во успешната серија на CBS, Државна секретарка. Daly во текот на својот престој во Хрватска ги разгледа зидините во Дубровник, но уживаше и во морските задоволства, а одушевувањето од виденото не го сокриваше и во текот на своето интервју на бината на NEM. Во пријатниот разговор со Antonijа Mandić, Tim ги почести учесниците со приказната за качувањето на Килиманџаро, за тоа како е да се порасне во фамилија кадешто сите се занимаваат со филмски бизнис, а откри и дека тајната на неговиот младешки изглед е во кељот и сексот.
Важноста на NEM ја потврди и компанијата Fremantle, која ја избра токму овогодинешната конференција за објавување на проектот со голема важност и потенцијал за нашиот регион. Имено, Fremantle и Jadran Film ексклузивно на NEM 2015 го објавија нивното стратешкото партнерство, со кое ќе ги екранизираат делата на најпопуларната писателка на овие простори – Marijа Jurić Zagorkа.
Но, наспроти сите содржини во текот на овогодинешниот NEM, најмногу сме горди на бизнис врските кои учесниците ги склучија. Целта на New Europe Market од самиот негов почеток е да ги поврзе луѓето од целиот свет со професионалците од нашиот регион, како би се укажало на неговиот голем потенцијал. Најголем успех на NEM 2015, секако се новите бизниси кои се договараа на многубројните места за networking, новите познанства кои се склопени и проширување на кругот на луѓе кои учествуваат на NEM и кој после овогодинешниот успех, несомнено се повеќе ќе расте.
Ви благодариме на се и се гледаме на NEM 2016!