Поранешниот шведски креативец Густав Мартнер неповикано влета на сцената на Cannes Lions за мирно да протестира против компаниите кои ја загадуваат планетата и агенциите кои работаат за нив.
Мартнер е поранешен претседател на Шведската огласувачка асоцијација, бил извршен креативен директор на агенцијата Crispin Porter + Bogusky Europe, има освоено „кански лав“ во 2007 година, а потоа бил и член на жирито на Cannes Lions.
Но, откако Мартнер наводно сфатил дека неговата работа има штетно влијание врз планетата, тој решил да се повлече од индустријата и да се приклучи на непрофитната еколошка организација Greenpeace.
Поранешниот шведски креативец ја прекина церемонијата на отворање на овогодишниот фестивал во Кан, влетувајќи на сцената во обид да ја „врати“ својата награда од фестивалот. Тој потоа одржа краток говор во кој го обвини фестивалот дека доделил над 300 награди на компании кои користат фосилни горива и ја загадуваат планетата.
Мертнер потоа извади транспарент на кој беше испишана пораката “Нема награди на мртва планета. Забрана за фосилните реклами.”
🚨BREAKING 🚨
Un de nos activistes s’est incrusté au Festival de Cannes de la pub pour dénoncer la complicité des agences de publicité qui collaborent avec des entreprises polluantes et contribuent à retarder l’action climatique.#CannesLions #CannesLions2022 #BanFossilAds pic.twitter.com/8PGdyU33w7
— Greenpeace France (@greenpeacefr) June 20, 2022