Ирскиот бренд на виски Tullamore D.Е.W. ја лансираше својата нова кампања едноставно насловена „Anthem“ („Химна“), позиционирајќи го брендот како „Непоколебливо виски во луд свет“ (“Unwavering Whiskey in a Crazy World”).
Централниот спот на кампањата прикажува весела група на Ирци кои сатирично ги коментираат дигиталните трендови на современиот свет преку песна, контрастно промовирајќи го вискито и заедништвото помеѓу вистинските луѓе во локалниот бар наспроти виртуелните „лајкови“, „трендови“ и „метаверзумот“.
Активностите на кампањата ќе се спроведуваат на пазарите во Ирска и Соединетите Американски Држави, а доаѓаат во пресрет на ирскиот национален празник посветен на Свети Патрик (17 март).
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција RTO+P и продукциското студио Bottle.