Компанијата Nestlé Adriatic потпиша договор со агенцијата UM – THRIVE и ја избра за свој нов партнер на Адриатик пазарот, после многу конкурентен тендер.
Од 1 јануари 2021 година, UM-THRIVE (IPG) ќе биде медиски партнер на компанијата Нестле врз основа на темелно презентирање на медиска стратегија преку платени медиумски канали, вклучително дигитални и традиционални, покривајќи ги на тој начин сите релевантни ставки во рамките на медискиот план. Новиот медиски партнер го дели верувањето на компанијата Нестле дека комуникацијата е еден од фундаменталните стратешки инструменти во градењето на брендот и репутацијата. Обемот на работа на новата медиска агенција ги опфаќа сите пазари во Адриатик регионот (Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија), сите медиумски услуги како што се медиумска стратегија, медиумско планирање, купување медиумски простор, мерење на медиуми итн., врз основа на разбирање на комплексноста на моменталната медиумска состојба во медиумите во регионот, како и преку широко размислување за можностите за градење бренд со персонализиран пристап кон потрошувачите, алатките и иновациите во медиумите.
„Веруваме дека медиумите се вредност која би требало да се зајакне и дека тие се еден од фундаменталните стратешки инструменти во градењето на еден бренд. Важноста на вистинската комбинација на медиуми особено расте во времето во кое сега работиме и живееме. Со нашиот нов медиски партнер, имаме за цел да обезбедиме иновативни и силни медиски стратегии во иднина, како и ефективен и ефикасен пристап кон медиумската потрошувачка. Медиските агенции во земјите во кои работиме се наши стратешки партнери кои не поддржуваат во креирање победнички брендови и прилагодување кон идните медиумски кампањи. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери во претходните години и на новиот партнер за посветеноста и професионалноста што ја покажаа“, изјави Нели Ангелова, директор за комуникации во Нестле за пазарот на Југоисточна Европа.
Со новиот партнер, Нестле има намера да ги зацврсти своите силни деловни амбиции во Адриатик регионот и да изгради силно партнерство со стратешките партнери и победнички тимови.
„Многу сме благодарни за можноста да бидеме дел од медискиот тим на Нестле и ќе настојуваме максимално да го зголемиме маркетинг присуството на компанијата и успехот во наредните години. Неуморно работевме за да ги обезбедиме најдобрите опции за Нестле, кои исто така ги споделуваат нашите амбиции – да бидеме најдобри што можеме. I&F Grupa и тимот на UM се фокусираат на желбите и целите на клиентот и сигурна сум дека ќе имаме позитивно влијание врз работањето на Нестле. Како предизвикувачи на иднината низ овој многу интересен регион, работите ги спроведуваме преку ефективен и ефикасен пристап на операциите на повеќе пазари. Нашата цел е да ги запознаеме потрошувачите со брендот Нестле низ целиот Адриатик регион, без оглед дали станува збор за хрватското крајбрежје или улиците на Белград “, изјави Бранислава Цагронов, регионален генерален директор на UM.