Купувачите преку посебна веб страница или посета на pop-up штанд во Лондонскиот стоковна куќа Џон Левис, можат да нарачаат луксузно KitKat чоколадо од речиси 1500 можни комбинации на вкусови.
Изборот на состојки вклучува ливчиња од роза и парчиња какао, а постои можност за избор и на рубин чоколадо. Произведено е и „специјално“ издание – линија која вклучува мармалад, Ерл Греј, виски и ѓумбир.
Од Нестле велат дека е вистинско време да им понудат нешто ново на купувачите, особено по претходната понуда на вкусови од зелен чај и рубин чоколадо, што особено им се допадна на помладите генерации.
“KitKat првпат се појави на пазарот во 1930 година, а една од причините зошто толку многу издржа е тоа што производот можеше да се развива. Тоа е лукзусно, рачно направено чоколадо и мислиме дека позитивно ќе ги изненади луѓето со тоа колку може да се надградува како бренд“, порачуваат од компанијата Нестле.