Проектот Нешто убаво како чоколада има за цел подршка на Прифатилиштето за деца во Белград, преку распределбата на дизајнирани чоколада од донаторите, во знак на благодарност.
Проектот во 2013 година го започна креативната агенција Popular Bruketa & Žinić OM, кога со помош на група соработници и партнери,рачно се направија првите 300 чоколада спакувани специјално за таа прилика во посебно дизајнирани обвивки. Беше потребно да се донираат средства за Прифатилиштето, за да се добие примерок.
Оваа година се креирани повеќе од 300 уникатни, илустрирани карактери кои ја исполнуваат обвивката на чоколадата, од кои секое поседува одредена емоција, а сите заедно прават единствен концепт.
Како и донаторите, така и сите карактери заедно симболично се здружија со цел да создадат едно добро дело.
Инсталацијата од 300 уникатни делови (чоколада), ќе биде изложена на 26 ноември 2014 година во Галерија Коларчева во 19 часот, каде секоја чоколада ќе има можност да се превземе со донација од 1000 динари. Приходот собран на овај начин, ќе биде искористен за купување на 300 новогодишни пакетчиња за децата од Прифатилиштето.
Чоколадата можете да ги резервирате на сајтот www.nestolepo.rs