Netflix Sans покрај препознатливост, донесува и потенцијал за одлична заштеда за омилената стриминг платформа во светот
Netflix разви свој сопствен фонт наречен Netflix Sans, кој има потенцијал на овој бренд да му обезбеди големи заштеди. Чистиот и функционален фонт, кој содржи елементи на познатото лого на омилената стриминг платформа во светот, од сега ќе се користи во содржината и материјалите на оваа компанија, а неговата најважна карактеристика е можеби токму тоа што е економичен.
Ное Натан, еден од дизајнерите кои се вклучени во создавање на новиот фонт, ја појасни економската страна на овој потег на својата веб страница, обраќајќи внимание на трошоците поврзани со лиценцирање на фонтови во целиот свет. “Развивањето на овој фонт не само што создаде посебен и уникатен елемент во естетиката на брендот (што Netflix го одвојува од Gotham, кој особено се користи во забавната индустријата), туку и` заштедува на компанијата милиони долари годишно, заради тоа што креаторите на фонтови преминуваат на лиценцирање врз основа на бројот на импресии за нивните фонтови.
Еден од елементите на новиот фонт е суптилното закривување на врвот на малата буква “t”, која ја позајми својата естетика од веќе познатото лого на Netflix.
Подолу можете да ги видите различните верзии на овој фонт.