Стриминг-сервисот Netflix, кој започна како компанија за рентање ДВД филмови во 1997 година, соопшти дека достигнал една многу важна бројка – над 200 милиони претплатници на глобално ниво (поточно 203.66 милиони претплатници).
Бројката била достигната откако сервисот привлекол нови 8.5 милиони претплатници во четвртиот квартал на 2020 година, надминувајќи ги сопствените очекувања. Со ова, Netflix се зацврстува како една од најмоќните компании во Холивуд.
Во целата 2020 година, компанијата додала вкупно 37 милиони нови претпатници, што претставува скок од 31% во однос на минатата година.
Netflix исто така соопшти дека иако профитот на компанијата во четвртиот квартал бележи пад во однос на третиот квартал (542 милиони долари наспроти 587 милиони долари), вкупните приходи пораснале за 21% – еднакво на 6.6 милијарди долари. По објавувањето на извештајот, акциите на Netflix пораснале за 12%.