Стриминг платформата Netflix неодамна ја лансираше својата нова серија Halston, инспирирана од животот на американскиот моден дизајнер Рој Халстон Фровик, кој се здобил со светска слава во текот на 1970-те години.
По тој повод, Нетфликс заедно со модната компанија Halston, основана од истоимениот дизајнер, го објавија лансирањето на специјална луксузна модна колекција составена од 10 парчиња женска облека (фустани и одела).
Колекцијата е инспирирана од десет популарни дизајни од 70-те и 80-те години на минатиот век, оригинално дизајнирани од Рој Халстон, но адаптирни за денешницата. Изборот бил направен од страна на генералниот извршен директор на Halston, Роберт Родригез, и тимот на Нетфликс.
Родригез се надева дека партнерството со Нетфликс ќе привлече поголемо внимание кон брендот, особено од помладата генерација која не е запознаена со дизајнерската работа на Рој Халстон.
Иако Нетфликс е клучниот чините во соработката, стриминг-компанијата нема да прима никаков приход од продажбата на колекцијата, туку ќе ја искористи како дополнителна маркетиншка можност за меѓусебна промоција со модната компанија.
Облеката ќе биде достапна за пред-нарачка во јуни, а на пазарот ќе се појави во август. Цената на модните парчиња ќе се движи од 995 до 1595 американски долари.