Со намера луѓето да останат повеќе време дома, Нетфликс постави околу 40 часа од своите топ едукациски шоуа и филмови на YouTube кои корисниците ќе може да ги гледаат бесплатно.
Помеѓу останатите бесплатни содржини ги има и документарецот Knock Down the House, кој ги следи кампањите на конгресменките Alexandria Ocasio-Cortez, Amy Vilela, Cori Bush и Paula Jean Swearengin, серијата Babies која “учи” за растењето на деца и која долго време беше во Топ 10 листата на серии на Нетфликс како и феноменалната документарна серија која им ја препорачуваме на сите дизајнери и креативци “Abstract: The Art of Design”, каде гледачите се запознаваат во животот и делата на некои од најзначајните креативци и индустриски могули како Paula Scher, Christoph Niemann и другите.
Целата плејлиста на достапни Нерфликс материјали на YouTube може да ја видите на ОВОЈ ЛИНК.