Ако се прашувавте дали некој може да профитира за време на пандемија со корона вирус, оној што направи милијарди луѓе да седат во своите домови во изолација, тогаш ќе добиете потврден одговор. Нетфликс е една од ретките компании што овие денови остварува рекордни резултати. Единствено прашање е колку е одржлив овој раст и колку долго ќе трае?
15,8 милиони нови корисници на Нетфликс
Секој ќе помисли дека зад успехот на Нетфликс лежи само корона вирусот и фактот што луѓето се досадуваат за време на изолацијата и затоа се свртуваат кон други форми на забава, како што се онлајн гледање филмови и серии. Сепак, тоа не е во целост точно, бидејќи зад успехот стојат и врвни серии и филмови кои излегоа во последниот квартал. Како резултат на тоа, тие добија нови 15,8 милиони корисници, што е двојно повеќе од очекуваното. Сега има околу 182 милиони корисници ширум светот, а заработката се проценува на околу 5,76 милијарди долари, што секако е огромен успех.
Сепак, не е сè така сјајно. Во компанијата се свесни дека забележаниот раст на корисниците е условен и од епидемијата и целата ситуација што ни се случи и дека тоа нема да трае кога ќе помине кризата.
Се разбира, најавени се и нови сервиси, како што е услугата HBO Max и други, кои се занимаваат со емитување на серии и филмови. Тие сигурно ќе земат дел од колачот на Нетфликс. Но, сè додека не дојде тој момент, тие можат да уживаат во својот успех.
.