Стриминг-платформата Netflix, во соработка со DC Comics, неодамна ја лансираше новата играна серија Sweet Tooth, во која се раскажува за ненадејната појава на полу-човечки, полу-животински хибриди кои стануваат мета на лов од страна на обичните луѓе.
Со цел нејзина промоција, Netflix објави адверторијал во викенд изданието на магазинот USA Today. Меѓутоа, ваквата промотивна активност наиде на критики од јавноста поради нејзината наводна „нетранспарентност“ дека се работи за реклама, е не за вистина.
Вистинското неделно издание на магазинот било вметнато внатре во самиот адверторијал, кој пак прикажувал илустрации од првата епизода на серијата проследени со сензационалистички наслови и текст од типот на: „Хибридни бебиња родени во САД: Светот реагира на новата генерација на полу-човечки, полу-животински деца со вчудовиденост и загриженост“, „Генерал ги нарекува хибридите закана за националната безбедност – активистите се спротивставуваат“, „Болницата во Силвер Ривер реагира на хибридниот пандемониум“ и слично.
На адверторијалот стоел натписот „ADVERTISEMENT“ („Оглас“), испишан со помали букви над насловот на „статиите“, но според гневните читатели тоа не било доволно и целата работа изгледала премногу реалистично. Загриженоста особено доаѓа во време кога границата помеѓу вистински и лажни вести се перцепира како навистина тенка.
Според соопштението на USA Today кое отпосле било објавено, кампањата била јасно обележана како оглас и била во согласност со сите огласувачки насоки и протоколи на магазинот.
Is anyone talking about USA Today selling its front page to Netflix for Sweet Tooth? pic.twitter.com/1DGgdO13HT
— Adam Graham (@grahamorama) June 6, 2021