Организаторите на фестивалот Денови на комуникации кој е номиниран за најдобар во светот – на 16 и 17 јуни во Максимир, Загреб ја организираат првата ДК офлајн конференција по природа со онлајн програма на која ќе учествуваат водечките светски бизнисмени, футуристи, психолози и креативци
По неколкумесечен карантин и изолација, нема подобар начин за дружење со колегите што не сме виделе подолго време, споделување впечатоци и уживање во квалитетна содржина – од летен пикник во зеленило. Затоа организаторите на фестивалот Денови на комуникации, додека со нетрпение очекуваме да заминеме во Ровињ, одлучија да ги почестат учесниците на овогодинашниот фестивал на 16 и 17 јуни 2020 година, во after-work термин со почеток во 17 часот, со ДК Пикник со директен пренос на онлајн предавања од врвни светски предавачи – бизнисмени, футуристи, психолози и креативци – и тоа од средина на идиличното зеленило на Максимир.

Директорката на фестивалот и програмата Дуња Ивана Балон го претстави проектот: „Никогаш не сме биле типична конференција, така што и овој пат размислуваме надвор од рамките: нашата необична заедница во необични околности ја селиме во природа! Во зелената околина на Максимир, ќе разговараме со светските лидери и ќе понудиме одговори на некои прашања, како на пример, како да се размислува за иднината кога размислувањето за иднината е невозможно.“
Ова ќе биде насловот на предавањето на светски познатиот футурист Бен Хамерсли, кој ќе го отвори првиот ден од Пикникот. Потврдено е и учеството на легендарниот Сер Мартин Сорел, кој ќе го прашаме како да го извлечеме бизнисот од кризата, а со психологот Хајди Прибе ќе ја најдеме многу потребната инспирација за деловни, но и приватни победи.

ДК Пикник е организиран ексклузивно за учесниците на овогодинешниот Денови на комуникации. Со заоѓањето на сонцето ќе можеме да споделиме впечатоци со колегите, клиентите, деловните партнери и сите што не сме виделе во живо подолго време. Со почеток во 17:00 часот и формалното завршување во 20:30 часот, ДК Пикник за период од два дена ќе биде домаќин на дури шест странски експерти со интересни дискусии со учесниците после предавањата, а сите учесници ќе имаат можност да слушнат и за кризното функционирање и ставовите на лидерите од домашниот пазар.

Покрај уживањето во летната атмосфера, свежиот воздух и дружење со колегите, се загарантирани и максимални безбедносни мерки, бидејќи здравјето и благосостојбата на сите доаѓаат во прв план. Влезниците за ДК Пикник се вклучени во цената за котизација за DK2020, а за сите други има на располагање ограничен број регистрации на ДК Пикник кои можат да се набават по симболична цена од 450 куни + ДДВ. Сите заинтересирани можат да се регистрираат со испраќање на апликација на info@danikomunikacija.com.
Сите информации за ДК Пикникот, кој ќе се одржи на 16 и 17 јуни од 17 до 20.30 часот во подножјето на Видиковац на паркот „Максимир“, се достапни на официјалната страница на фестивалот Денови на комуникации.