NewMan’s Got Talent ФИНАЛЕ – можност за презентирање на твоите вештини пред компаниите кои што сакаат да вложат во твојот понатамошен развој
Оваа иницијатива се реализира за да им се овозможи на сите амбициозни млади таленти, да бидат соодветно менторирани и обучувани, како технички така и професионално, во континуитет од 5 месеци на “hands-on” програми, во соработка со компании од Македонија.
Програми и методологија на академијата
Академијата оваа година ќе имплементира вкупно 9 академии, кои ќе се реализираат во времетраење од 5 месеци, а ќе се одржуваат по 4 пати неделно преку предавања, студии на случаи и работа на реални комерцијални проекти. Студентите ќе бидат обучувани од ментори кои што работат во индустријата и ќе им се овозможи простор за работа, вклучување во проекти, можности за интернационални контакти и соработка, нови кариерни можности и вработување.
Аплицирање, тестирање и кариерно насочување
Прв чекор: Пријава на официјалната форма за пријавување;
Втор чекор: Тестирање – Сите заинтересирани се тестираат со стручен тест, тест за карактерно профилирање и тест за интелегенција, со што апликантите добиваат почетни насоки во својата кариера;
Трет чекор: Интервју со ментор и менаџерот на академијата со цел профилирање на секој кандидат и понуда за слушање на академија соодветна со знаењето и интересот на кандидатот;
Четврт чекор(опционален): Пријава за финалето на NewMan’s Got Talent, настан каде што најдобрите кандидати ги презентираат своите вештини пред компании од Македонија, со цел добивање стипендија и потенцијално вработување.
Процесот на тестирање и профилирање на студентите е индивидуален, поради тоа што визијата на NewMan’s академијата е да одговори на потребите на секој студент поединечно, за негово навремено советување за кариерни одлуки, професионален развој и можности за вработување.
Цели на академијата и проектот NewMan’s Got Talent
- Специјализација на студентите и поголема конкурентност на пазарот на труд
- Современи програми и нови можности за младите професионалнци од Македонија
- Поголемо вклучување на приватниот сектор во едукацијата на студентите
- Профилирање на млади таленти според конкретни работни позиции
- Кариерно насочување и подобар професионален избор на студентите
Рокови и поважни линкови
Пријава за програма за академија: 30 Септември 2016 година
Пријава за презентација пред компании: 15 Септември 2016 година
Финале NewMan’s Got Talent: 19-20 Септември 2016 година
Линк каде што се објавуваат новости за проектот.
Официјална веб страна на академијата.