Како што претходно утрово објавивме, денеска во Порторож, Словенија, започна 20-тиот по ред фестивал на креативноста Golden Drum 2013.
Фестивалот има свој натпреварувачки дел во повеќе различни категории, каде вкупно ова година се пријавени 1395 креативни проекти од 26 европски земји.
Од Република Македонија има вкупно 27 пријавени проекти од кои дури 20 на агенцијата Њу Момент Њу Идеас (New Moment New Ideas Skopje), 6 се на агенцијата Футура 2/2 (Futura 2/2) и 1 на Публицис Скопје.
Им посакуваме многу среќа !