Како што објавија од Лукоил Македонија, победник на нивниот тендер за целосни услуги за маркетинг проекти (медиумска стратегија, акции за стимулирање на продажба, поддршка на локални проекти, креативни разработки, услуги за разработка и реализација на ПР- стратегија, логистика на материјали) за 2014-2015г. е агенцијата Њу Момент Њу Идеас компани.
На тендерот беа пријавени неколку македонски агенции а во фазата на избор која се одвиваше во две етапи како најсоодветна беше избрана Њу Момент, која продолжува да се грижи за целосниот маркетинг настап на Лукоил.
Њу момент изминатиов период беа победници и на два други тендери, од Агенција за Катасатар (консултантски услуги и медиумска кампања) и од Влада на РМ-Генерален секретаријат (за подготовка и реализација на медиа план за кампања за подигање на свесноста на граѓанинот за неговата улога, учество и однесување во сообраќајот.).